ПРИЛЕПСКИ КРИНОВИ ОД КАМЕН

Третпат фирмата Крин КГ ја организираше камената колонија Прилепски кринови, на која твореа осум уметници од земјава и странство. Четворица мозаичари и скулптори составуваа камчиња во разни бои да креираат мозаици и скулптури, кои ги оставија во трајно наследство не само на фирмата, туку и на градот.
Природниот камен ги инспирира македонските уметници Филип Перески, Мариана Филова, Томе Филов, Блашка Миева и Санда Миева, како и гостите од Србија – Јована Петковиќ, Бојан Крстиќ и Горан Девлиќ.
Создадените дела ќе бидат презентирани на изложба во градот и во Македонија.

Loading