МИСТЕРИОЗНАТА ЈАКУПИЦА

– СОН ПОД ВРВОТ СОЛУНСКА ГЛАВА ЗА ДВЕ ЕВРА

– ПЕШТЕРИ СО ЗЕЛЕН МРАЗ

Со легендите кои се вртат околу врвот Солунска глава и зелниот мраз скриен во пештерите, планината Јакупица овозможува многу погодности за планинарите и авантуристите. Според легендата од врвот на надморска височина од 2540 м., може да се види градот Солун во Грција. Оваа легенда привлекува голем број планинари, моторџии, параглајдеристи и излетници години наназад.

Чуварот на една телекомуникациска станица вели дека уште не го видел синилото на Егејот. Додава дека има време и никогаш не се знае дали ќе го види најголемото грчко пристаниште на Егејското море.

Дури и ако планинарите не можат да видат сé од Солунска глава до егејското крајбрежје, има многу други видици кои го одземаат здивот. Прв планинар што го освоил врвот бил Урош Жупанчиќ во 1936-та година.      

Некои планинари кажуваат дека на ведар ден, можат да се видат планините Олимп во Грција и Вихрен во Бугарија.

Врвот, Солунска глава, највисоката точка на планината Јакупица во централна Македонја, изгледа како мешавина од зеленилото на швајцарските Алпи и Карпестите планини во западна Америка.

По лесната нагорнина на патот за врвот, на Бегово поле, постојат две пештери во кои има зелен мраз и чудни, неиспитани инсекти.

Според зборовите на овчарите од планината, на овие терени постојано се присутни диви волци, лисици, мечки и диви свињи. Рибарите тврдат дека речната пастрмка од локалните водопади на Кадина река, која тече низ расцепот на планините Караџица и Китка е најтешка за лов во цела земја.

Излетниците, заинтересирани да го видат ова природно чудо, можат да се искачат на Јакупица и да дојдат до Бегово поле и Солунска глава со качување по патеката јужно од Скопје преку Китка и Караџица.

Од Солунска глава, излетниците можат да поминат некоја ноќ во еден од двата кампови на северната страна на планината. Еден од камповите, Чеплес, се наоѓа само на неколку километри од врвот. Камповите не се луксузни и чинат околу две евра од ноќ, што е мала цена да се чуе песната на птиците, да се вдишува свежиот планински воздух и да се видат локациите кои предизвикуваат воодушевување.

Во лето, планинарско – спортскиот дом организира тридневно кампирање во кое излетниците можат да ги доживеат сите искуства на оваа македонска тајна планина.

ЈАКУПИЦА – НАЦИОНАЛЕН ПАРК?

Специфичната клима како и гео и био диверзитетот, се предусловите кои одат во прилог кон потребата за ставање на овој простор под заштита на државата. На Јакупица има различни геоморфолошки, геолошки форми на карпите, кои се стари речиси милијарда години. На некои места има карпи со интересна форма, бројни пештери. Таму е и камениот мразник, единствена појава во Македонија и меѓу ретките на Балканот.

Ова се само дел од вредностите со кои Јакупица претендира да стане национален парк.

САЛАКОВСКИ ЕЗЕРА – ГОРСКИТЕ ОЧИ НА ЈАКУПИЦА

Јакупица може да се пофали и со две езера од глацијарен тип, познати како горски очи. Малото Салаковско Езеро се наоѓа во северозападниот дел од Салаковскиот цирк на надморска височина од 2171 м. Зафаќа 850 м2. Максималната длабочина е 2,5 метри. Со вода се храни од извор, кој се наоѓа на неговата северозападна страна, како и од врнежи и преку топење на снегот. Големото Салаковско Езеро го завзема југоисточниот дел од Салаковскиот цирк и се наоѓа на надморска височина од 2170 м. Има површина од 1 340 м2, а од Малото Салаковско езеро е поголемо за 490 м2. Има елипсовидна форма со најголема издолженост во правец југоисток-северозапад од 48 метри, додека неговата широчина изнесува 38 метри. Со вода се снабдува од притока која доаѓа од Малото Салаковско езеро, од врнежи како и од топење на снегот.

Loading