На покана на центарот за стручно образование и обука на Словенија, делегација од Македонија, меѓу кои и директорот на СОУ “Ѓорче Петров” Дејан Димоски, присуствуваше на “Деновите на убавина” во Копар.
Македонците два дена биле во Љубљана на гости кај фризерското училиште. Се запознале со условите за практична настава. Денот во Крањ бил кај идните “фризери”, а во Копар ги следеле учениците од Словенија како ги прикажуваат фризерските, козметичките и дизајнерските вештини.