ПРОМОЦИЈА НА КНИГАТА НА ДЕСПИНА СИЉАНОСКА

“Латици од животот” од Деспина Сиљаноска е книгата раскази која утревечер ќе биде промовирана во Библиотеката. Збирката е дел од едицијата современа македонска проза- книжевен постамент.

Младата авторка, полуматуранка од ОУ “Климент Охридски”, со освоени повеќе награди, создала интересна збирка мисловни раскази, низ кои, како што вели м-р Ана Кондоклоцис, открива она што í измамило насмевка, но и она што í украло солзи и се откинало од срцето.

Книгата со 36 раскази, според Илија Мерковски, е одредница за млад човек, за една посветеност, да биде глас, постојана нишка водилка кон неисцрпните пространства на случките и човечките судбини.

Парите собрани од продажба на книгата ќе се донираат за обнова на манастирот Трескавец.

Loading