Со показна вежба – спасување на лица и гаснење пожар на отворено, почна интегрираната интервенција за заштита од пожари на војниците од касарната “Мирче Ацев” и пожарникарите од Територијална противпожарна единица.
– Обучивме 40 војници да се справуваат со оган заедно со пожарникарите – изјави потполковник Жарко Ристески, командат на касарната “Мирче Ацев”.
Од ТППЕ Прилеп велат дека проектот е прв во регионот и дека со него се продлабочува соработката меѓу пожарникарите и војниците во справување со огнените стихии.