ОБУКА НА БИЗНИМЕНИТЕ ЗА БАР КОДОВИТЕ

За бизнисмените, бесплатна обука на тема “Правилно означување на транспортните кутии и палети по ГС 1 стандарди – пасош за извоз” организараше ГС 1 Македонија во соработка со Регионалната стопанска комора. Стопанствениците ги проширија видиците за користење на бар кодовите, правилната примена и предностите.

– Со интерактивната работилница нудиме дополнителни услуги за олеснувања при баркодирањето на производите и услугите. Компаниите така  можат да станат поконкурентни на домашниот и светскиот пазар. Со обуката помогнавме лесно, правилно и ефикасно да се користитат ГС 1 стандардите во секојдневието, ползувајќи ги бенефитите со кои се стекнувааа како членка на ГС 1 Македонија – вели Слаѓана Милутиновиќ, директор на ГС 1.

Бар кодот е единствен систем за идентификација на производите и услугите. Македонија членува 20 години во ГС 1 организацијата. 

Loading