Од 17 меѓународен натпревар “Стеван Мокрањац” во Врање, со прво место во пијано се врати Михаил Јагуриноски од кај професорот Игор Николоски од музичкото училиште. Со ривалите од Балканот, тој се претстави со дела од Бах, Бенда, Копланд.
Годинава учествуваше и на камерниот натпревар во Скопје, каде со Мартина Димеска на виолина, од класата на професорката Весна Станкоска, освоија прво место.