МЕТАЛЕЦ ПАК ВО СТЕЧАЈ

Пак падна во стечај по две години фабриката за челични конструкции Металец. Судот ја отворил стечајната постапка на барање на доверителите, откако компанијата не успеа да го реализира планот за реорганизација, со кој менаџментот доби нова шанса да го обнови производството без да генерира загуби. Дел од доверителите покренале иницијатива да ги наплатат побарувањата преку итна продажа на имотот, што сé уште не е оптоварен со хипотеки.

Loading