ВЕЧЕРВА В БИБЛИОТЕКА
Кино сојузот на Македонија, Фото кино клубот Прилеп и Народна техника вечерва од 20 часот го отвораат во Библиотеката 42-то издание на државниот непрофесионален филм ,,Прилеп 2013,,.
Ќе се проследат 20 филмови во дисциплините документарен, експериментален, краток игран филм, анимиран и едноминутен, при што организаторите во сите категории ќе доделат по три награди.
Целта на овој фестивал, кој по 10 години, се одржува во Прилеп, е да се популаризира непрофесионалниот филм.
Вечерва ќе бидат доделени наградите за најдобри филмови. Жирито во состав Илинденка Петреушева, Лазар Секуловски и Сенад Абдули одлучија Гран при наградата да му биде доделена на играниот филм “Крвави пари” на авторот Ерман Мемеди од Тетово.
Првата награда во категорија на игран филм ќе му биде врачена на Кирил Каракаш за филмот “Неостварени желби”, додека во категоријата документарен филм за најдобар е прогласен “Завет за незаборав” од Леон Ристов.
Најдобар експериментален филм е “Начин на восприемање” од Марина Трајковска, а филмот “Комарец” на Кристина Даниловска ја доби првата награда за анимиран филм. Филмот “Рефлексија” од Светислав Подлешанов е најдобар анимиран филм.
Дел од наградените филмови ќе учествуваат на Светскиот фестивал на непрофесионален филм на УНИКА во Австрија.