На ревијалната вечер од училишните смотри, жирито од средни училишта требаше да одбере прв, втор и трет настап на основните училишта.
ОУ “Гоце Делчев” убедливо го зеде првото место со масовноста на сцената и одличната кореографија. Над 40 ученици го изведоа мјузиклот “Donkey song” на ревијалната вечер од манифестацијата. За сценската игра на децата аплаузи заслужи и менторката Благица Арсова – Чатлеска.
Втори беа најдобрите од Макбалет во Штип, танцовата група на ОУ “Блаже Конески” – New generation. Местото го заслужиле за сценографија и сценски настап за модерен танц.
Третото место замина во витрините на ОУ “Кире Гаврилоски – Јане”.
Собраните 42 илјади денари од влезниците се донирани за санирање на штетите од пожарот на манастирот Трескавец.