До 25 јуни до Центарот за социјална работа ќе можат да се поднесуваат барањата за бесплатен 7 дневен одмор за деца од семејства со социјален ризик и деца корисници на посебен додаток. За летниот распуст, услугата може да ја користат ученици од петто до осмо одделение, а кои се од семејства корисници на социјална парична помош, постојана парична помош, деца корисници на посебен додаток, детски додаток и децата без родители и родителска грижа.
Децата ќе добијат 6 полни пансиони (ноќевање со три оброка дневно) и едукативни и забавни активности. Превозот од Прилеп до одмаралиштето, односно хотелот и повратно, ќе го организира Центарот за социјална работа. Бесплатен одмор и рекреација за децата, Министертсвото за труд и социјална политика оранизира вторпат, откако лани беа опфатени 2 000 деца, а од Прилеп бесплатно летуваа 85 деца.