ЗАИГРА ЗА БРОНДБИ

Јорданчо Наумоски

Јорданчо Наумоски (18) играч за врска од 11 Октомври, се пресели во данскиот Брондби од Копенхаген. Настапува за младинскиот тим до 19 години. На дебитантскиот меч одигра цело второ полувреме со придонес кон победата од 2-4 на гости со ФК Копенхаген. На клубскиот сајт е претставен како голем талент, кој настапувал за македонските младински државни селекции, а на 16 – 17 години имаше 11 меча во Првата лига.

Пред надежниот фудбалер, син на некогашниот репрезентативец од Победа, Тони Наумоски, пролетва е шанса да се наметне во младинската лига, каде до крајот на сезоната остануваат уште пет кола, а Брондби меѓу 13 тима е седми со можност да се крене до трето или четврто место на табелата. Засега е аматер, а в лето, доколку се оди според планот, би требало да потпише професионален договор со еден од најголемите клубови, повеќекратен шампион на Данска.

Loading