Ромите во Тризла со песна и со оро го одбележаа празникот Ѓурѓовден кајпотанешниот споменик за Дабничкиот масакар. Си посакаа многу среќа и здравје, прославувајќи го денот на пролетта. Како во старите времиња, се разврти вртелешка, што е специфична забава не само за Ромите. Младите се вртеа и се врзуваат на вртелешката, врескајќи од задоволство.
Градоначалникот Марјан Ристески посака многу радост и порача дека и понатаму општината ќе продолжи со нови инвестиции со цел да се подобрат условите за живот во населбата Тризла.