ВКЛУЧУВАЊЕ НА МИТРЕСКИ

Бокс

По долго време градов официјално го посети некогашниот сопственик на професионални боксерски титули, охриѓанецот Саше Митрески, познат по тоа што најзначајните мечеви наместо во родното место ги одржуваше во Универзална сала. На работна средба со претседателот на Про бокс Македонија, Дарко Чатлески, се покажа дека оваа организација полека, но сигурно ги собира сите што се значајни фигури на овој спорт. Митрески ќе се вклучи и со искуството во организацијата на квалитетни боксерски спектакли.

Приоритет е и растот на бројот на боксерите, за што има кандидати од Скопје и Охрид, покрај прилепчанецот Александар Николоски.

Loading