ТРОФЕИ ЗА ПРАКТИЧНО СПРОВЕДУВАЊЕ НА ТЕОРИЈАТА

СОУ “Орде Чопела”

На натпреварите МАССУМ во Тетово учениците од СОУ “Орде Чопела” се закитиле со десетици награди на различни натпреварувачки нивоа. Кирил Тодороски бил втор на кариерното портфолио под менторство на Ѓорѓија Гагалески. Николина Матракоска и Антонио Тинтор освоиле второ место за најдобар штанд со менторот Анита Галеска. Сара Симоноска, Михаела Митревска, Ивона Ристеска, Барбара Башевска и Ангела Тасевска биле  трети  на Модна ревија, подготвен заедно со менторот Александар Тасески.

И од натпреварот по народна техника во Штип, се вратиле со куп признанија. Спиро Божиновски бил трет со менторот Јасмина Петреска, а на натпреварот на земјоделските, ветеринарните и шумарски училишта во Струмица биле втори. Вешт возач на трактор со приколка бил Марио Бошески. Стасал до второ место. Втор женски орач била ученичката Даниела Ѓорческа, а меѓу машките Марио Бошески пак бил на втората позиција со менторот Камче Бошковски. Кај калемењето на овошки, Јасмин Исмаилоски освоил второ место. За препознавање на семиња и плевели ученичката Јулијана Стојаноска била построена на третото место. Кај ветеринарите, Антонио Василкоски бил саглам распознавач на коски и органи кај домашните животни. Бил трет.

Со награди на еколошки натпревари се закитиле Стефан Андреевски и Тамара Дамеска. Биле втори.

Loading