ТРИ ЛЕНТИ КАЈ ШАТОРОВЦИ

Со три коловозни ленти со ширина од девет метри и со двострани тротоари за движење на пешаците се уреди крстосницата кај Шаторовци, на улицата “Борка Талески”. Овој дел од градот урбанистички ќе се доуредува и инфраструктурно ќе се збогатува.

– Претстојат и нови зафати на проширување на улиците и овозможување на побезбеден сообраќај. Еден од нив е крстосницата на “Ленин” и “Димо Наредникот”, па на “Борис Кидрич” и на “Војводинска” во Точила – рече градоначалникот Мрјан Ристески.

Loading