ТРЕТА ПО РЕДЕЊЕ БУКВИ

Во ОУ “Кире Гаврилоски  – Јане”

Седмоодделенката Викторија Стеваноска на државниот натпревар за спелување го освоила третото место. Мечот за редење на букви од англиски зборови, се одржал во Американскиот колеџ во Скопје.

Меѓу 700 учесници само од седмо одделение, Викторија заслужено го освоила третото место на натпреварот од четири ипол часа. Во полуфиналето, поделени по училници седеле по 60 ученици и во шест круга требало да напишат точно до буква дадениот збор. Првиот дел бил елиминационен. Ако се згрешела макар и една буква, завршувало учеството. А термините не биле воопшто лесни. Економски, медицински, за вегетација, долги и “со замки”, дали треба “у” или “ипсилон”…

Вториот дел бил уште потежок со зборови, кои се учат во средно училиште. На крај Викторија го добила третото место. Единствена е од градов што добила награда за спелување. Пред да замине во Скопје, долго време се подготвувале со наставничката Габриела Ј. Димеска.  

Loading