Ин мемориам
Голема тага на љубителите на фудбалот и сите сограѓани е по загубата на репрезентативката Христина Димитриоска, првотимка на Победа. Тажните погледи се со неверување дека младата девојка на 25 години го заврши животот. За Димитриоска нејзините клубски другарки, тренери, луѓе од управата и обичните навивачи имаат само добри спомени. Како 15-годишно девојче беше во првата генерација при оформувањето на клубот пред 10 години и стана репрезентативка. Играше во шпицот, даваше голови, успешно со нога и глава. Одлика и беше пожртвуваноста. На ланското куп финале против Наше такси во Кочани играше со повредена, заврзана рака. Беше меѓу најдобрите прилепски и македонски фудбалерки. Пред три години се посвети и на судењето, но не можеше без клубот и се врати да помогне сезонава до паузата од здравствени проблеми.
Деновиве ќе се одигра одложениот меч Победа – Кочани на кој ќе има едноминутно молчење за почит кон Христина Димитриоска.