Со полагање цвеќиња на гробот на Пере Тошев во црквата “Свето Благовештение” и пред споменикот на револуционерот во Старата чаршија, претставниците од општината, на Советот, предводени од претседателот Никола Димески, Сојузот на борци, од политичките партии и од невладините организации ја одбележаа 101 годишнина од загинувањето на Пере Тошев.
При тоа Димески посочи дека Прилеп и Македонија се горди што имаат таков великан, непоколеблив борец за идеите за независна и самостојна Македонија, идеали кои ги следат новите генерации Македонци со новите приоритети.