СМОТРИ НА ДЕТСКОТО ТВОРЕШТВО

Со инвентивните програми на учениците од ОУ “Гоце Делчев”, стартуваа детските смотри, манифестацијата “Месец на детското творештво”, на која основците од седумте училишта ја покажуваат креативноста пред родителите, бабите и дедовците, пријателите… Успешно се претставија најдобрите од ОУ “ Кире Гаврилоски” и “Добре Јованоски”. Следната недела на потег се учениците од ОУ “Кочо Рацин”, “Климент Охридски”, “Блаже Конески” и “Рампо Левката”.

На манифестацијата, целовечерен концерт на 21 мај ќе имаат и учениците од музичкото училиште.

Loading