Шах
Уште две победи постигна школата Алкалоид на велемајсторот Звонко Станојоски, на вториот турнир од младинската лига до 16 години. Со убедливи 3-1 надиграни се екипите на Ласкер Охрид (цели поени освоија Давид Манески, Антонио Миланоски и Матеј Ѕвездакоски) и со Дејан Јачимовиќ исто 3-1 (Манески, Наум Стојаноски и Ѕвездакоски). Единствениот пораз е од најдобрата екипа на Гамбит, со 1-3 (ремизираа Миланоски и Стојаноски). Во тимот настапи уште Гошо Галески. Меѓу 10 тима, на табелата Гамбит води со 11 бода, а Прилеп е шести со шест.
Последниот, трет турнир, е в недела во Струга против школите на ВМ Влатко Богдановски, ВМ Дејан Стојановски и со домаќинот Струга.