ПОРАЗ ШТО НЕ СЕ ЗАБОРАВА

Историја

Мај е месец кога се играат финални мечеви, а тие будат спомени за победите и поразите. Покрај пехарот во 2002, симпатизерите на Победа го паметат дебаклот 2000 година со 0-6 дома од скопска Слога. Што се случи, е прашање, никогаш неодговорено докрај. Тогаш Слога со Ѓоре Јовановски на клупата беше најсилна откога било. Побитен фактор беше слабото издание на домаќините, водени од Неџат Хусеин. За опуштеност придонесе атмосферата, шпекулациите дека се е средено, победникот однапред се знае, штом се игра во Прилеп. Победа и честеше ручек во мотелот на Езеро. Над стотина гости наздравуваа со “Ај честит да е првиот трофеј”. Жешкото време беше проблем, плус. И тука чудо. Скопјани се растрчаа. Се зборуваше дека примиле допинг, а “победашите” под “инјекции”, се здрвиле.

Дебаклот не можеше да го поднесе ветеранот Димче Москоски – Малакот. Со наведната глава седеше во Градска и на минувачите се исповедаше “Ваков пораз не се трпи. Ме јаде, ми го куси животот”. Набргу потоа почина, а последен меч што го гледаше е катастрофата од Слога.

Loading