В театар се подготвува ,,три варијации на една тема,,
“Три варијации на една тема”, во режија на Коле Ангеловски, е новата комедија на ансамблот на театарот, која многу брзо премиерно ќе биде прикажана во салата “Војдан Чернодрински”. Ангеловски е комплетен автор на комедијата во три едночинки, споени во една целина, кои на различен начин ги третираат “игрите на љубовта и случајот”.
– Односите во бракот, инаку омилена тема на многу класични, но и современи комедиографи, маж-жена, љубовник-љубовница, жена на љубовникот, маж на љубовницата, и по некој гостин, се преплетуваат во невозможни ситуации, се разбира смешни и неочекувани. Темата не е нова и револуционерна, но открива свет низ нови приказни од секојдневието, па и македонското. Приказните не се за големи фестивали, за награди, за престиж, туку за полн салон, за среќна и насмеана публика, за “Фала Богу, баш убаво си поминавме” – вели режисерот Ангеловски.