НАЈЈАКИТЕ МЕЃУ МАЛИТЕ И СРЕДНИТЕ

Избор на бизнис на годината за 2012

Шест фирми се закитија со лаври во категоријата на мали и средни претпријатија на четвртата манифестација “Избор на бизнис на годината за 2012” во организација на неделникот “Зенит”, а во соработка со Регионалната стопанска комора.

На манифестацијата што традиционално се одржува во хотелот Сонце ГА плакети добија: Автоплацот Златески, Сонце ГА, Фурна Алекс, Агенција за обезбедување МК, Крин КГ, Милина и Конфекција Хатра.

Изборот на најуспешните фирми за мината година го проследија градоначалникот Марјан Ристески, Претседателот на Советот Никола Димески, пратениците, советници, бизнисмени, директори на јавни установи и институции.

Свеченоста ја збогатија со својот настап професорите од ООМУ “Ордан Михајловски – Оцка”, вокалот Леонарда Гиноска Богданоска и гитаристот Илија Чакароски.

Неделникот “Зенит” продолжува со рубриката “Бизнис” и организирање на манифестацијата во интерес на бизнис секторот.

ДОСЕГАШНИ ЛАВРОНОСЦИ 

Во 2009 година Витаминка, Прилепска Пиварница, печатницата Гинис, конфекцијата Васидора, Трио, фармата Милко ХФ и Прогрес Комерц беа прогласени за најуспешни. Мермерскиот комбинат, конфекцијата Комфи ангел, Дониа, Салида, Марфил и Футура, Парадокс, Роман и Оскар Медикал беа најдобрите фирми за 2010г. Лани со награди се закитија: Де-ни компани, Кули, Теракота, Микросам, Еуротерм, Ројтем, Дизниленд, Земјоделци и Ацетони.

5 ГОДИНИ ЗЕНИТ

Почитувани читатели, Ви благодраиме што ни верувате, и што секој петок сме во фокусот на Вашиот интерес. Неделникот “Зенит” прослави пет години постоење. Благодарност за соработката на сите деловни партнери, а за континуираната и непречена долгогодишна соработка, “Зенит” подари благодарници на НУЦК “Марко Цепенков”, КДС Кабелнет, Витаминка, Мермерски комбинат, Прилепска пиварница,  Регионална стопанска комора – Прилеп и на Локалната самуправа Прилеп.

Останете и верни читатели и наши бизнис соработници.

Loading