Изложба на околу 20 графики од уметницата Андријана Мациев ќе биде отворена од вечерва во 20 часот во галеријата на ЦК ,,Марко Цепенков,,.
Мациев е дипломиран графичар на ФЛУ – Скопје, член на ДЛУМ. Меѓу 2009 – 2010 година била демонстратор на одделот графика на ФЛУ.
Имала повеќе самостојни изложби во Скопје и во Белград. Била учесник на повеќе колонии, а реализирала и перформанси.
За творештвото е добитник на повеќе награди.