ДЕНОВИ НА КРАЛИ МАРКО

“Денови на Крали Марко”, е седмата манифестација, организирана од општината на 15 и 17 мај. В среда во Библиотеката ќе се прикаже анимираниот филм за Крали Марко, изработен од учениците од Прилеп и Кралево и ќе биде отворена изложба. Ликовен хепенинг, насловен “Децата го цртаат Крали Марко”, ќе има идниот петок на мултимедијалното плато во Варош. Акустичен концерт на групата Ла Цолоние Волвоџ, на кој со врвни музички креации ќе почестат Сашко Гигов – Гиш, Калина Велковска, Предраг Икономовски, Драган Стојковски, Гоце Наумов и Ненад Неделков, ќе има вечерта од 20 часот во амфитеатарот во Варош.

– Манифестацијата го промовира градот како место кадешто живеел легендарниот Крал Марко и место што е неодминлива дестинација на туристите – вели Снежана Ристеска, советник за култура во ЛС.

Loading