БОРБА ЗА ФИНАЛЕ

Ракомет

Викендов во Скопје е завршницата од женскиот ракометен куп, на кој, како претходните три години учествува екипата на Жито Прилеп. Девојките на тренерот Борче Марковски се борат за финале, а пречката е шампионот Металург. Можен ли е подвиг? Секако – да, со оглед на последниот првенствен триумф во полуфиналето од плеј – офот кога фаворитот беше надигран со 25-22 во салата “Сонце”. Металург е во криза. Ја препушти титулата на Вардар со два загубени плеј – оф меча. Доколку пак одигра под нивото, сé е можно на утрешниот дуел. Мотивот за докажување е на страната на Жито Прилеп, бидејќи влезот во финалето е речиси како освојување на трофеј, затоа што однапред се знае дека пехарот ќе биде во рацете на интернационалниот состав на Вардар. Се очекува битка до последен миг на составот, Наумоска, Дурланова, Мурговска, Бошковска, Стојановиќ, Мркиќ, Нацева, Крстевска, Серафимовска, Аџулеска, Шалевска, Ивановска, Саздова, Андонова, Цаневска и Петлеска.

Претходно добиена е битката за трето суперлигашко место кое води во Европа, со победите 22-18 дома и 13-21 на гости против младинскиот Металург. Во машката Прва лига, во 19. коло РК Прилеп е слободен, потоа оди кај Радовиш, а во женското 16 и 17 коло, РК Филип 107 двапати е домаќин, на лидерот Вардар и на третиот Борец.

Loading