“Прилеп е безбеден и мирен град и на полето на општиот криминал, и во поглед на сообраќајот”.
Ова го констатира градоначалникот Марјан Ристески во полициската станица, за 7 Мај – Денот на македонската полиција.
Ристески изјави дека е задоволен од безбедноста и дека соработката меѓу општината и полицијата е на обострано задоволство, со тенденција на продлабочување.
Полицијата пак се труди максимално да го обезбеди градот од сите аспекти и добро соработува со граѓаните.