Ревија на руски филмови, од синоќа стартуваше со филмот “Една војна” на Сцена 105 во ЦК “Марко Цепенков” за одбележувањето на 9 Мај – Денот на победата, што е празник на Руската федерација.
На програмата се уште пет проекции секоја вечер од 20 часот. Вечерва ќе се гледа филмот “Поп”, а до вторник уште се “Ние сме од иднината”, “Звезда”, “Ослободување” и “Жеравите летаат”.
Ревијата ја организира Центарот заедно со Филмскиот фонд на Македонија, а е поддржана од Амбасадата на Руската федерација, Рускиот културен центар во Софија и Министерството за култура.