Се роди во кичевска каза
се досели во русечка оаза
за полјак в село се глави
од зулуми полето да го брани
Со ред по куќи да се храни
ни грош негов да не даде
омилена негова храна му била
погача бела со пржена кокошка цела
Русечките ангари од околните села
спремиле камен дрва и покрив за куќа цела
му направиле троспратна со чардак кула
за со неговата млада була
Купува земја жито и стока
на никого нишо не му плати
сите него што ќе го чека
се мамеле да му ги врати
Си е покажа Јашар арнаутската култура
над народот почна да врши тортура
на Јулмур чешма гавази прати
водата што се пие да се плати
Водарина кој нема да плати
едно уво да му се осакати
народо реши нешто да направи
насилнико Јашар да го отстрани
Во илјада осумсто осумдесет и второ лето
на Илинден дено помеѓу петок и сабота било
четата на Чакревци од Прилепо града
преоблечена во турска воена гарда
Пред порта на бего по турски песна му пеат
комита в село фативме со нас сега го носиме
кај тебе бегу в кула да го преседиме
утре во Прилеп со кадијата ќе му пресудиме
Песната го бего прелага, отвори порта широко
пола, комити влегоа Јашара ми го врзаја
со појасо негов устата му ја преврзаја
на коњ кај Ушите го растоварија
Пред суд го извадоа, ај кажи Јашаре бегу
колку си мајки и сестри зацрнил
колку си татковци и браќа забрадил
колку си жени вдовици оставил
Колку си деца сирачиња оставил
колку си свршеници и свршенички расплакал
колку си народ оплачкал
колку си азно спечалил
Аман бре браќа сé ќе ви кажам
моето азно под скали лежи
во струмени вреќи повеќе оки тежи
теслим ви го правам, азно за мене повеќе не е важно
Мене ме жив оставете
и јас си имам жена со деца
браќа, сестри и повеќе внуци
и тие за мене црно ќе носат
Не сме ние за никакви азна
пратени сме да ти извршиме казна
да заврши твојата тиранија
и за со тебе сета расправија
Наметнат Јашар со цигара в уста до пато седи
бројници в раце држи, небаре ги реди
пазарџиите ги гледа, гласо му го нема
во ноќта глува и силата му ја снема
Пазарџиите мухамедини пријатели на бего
насобрани во круг околу него
со боженствени молитви кај Алах го праќа
еден по еден со наведнати глави дома се враќа
Мудуро и кадијата дојдоа кај бего
воени оркестар донесоја за него
посмртна парада му направија, на пајтон го товарија
во прилепските муслимански гробишта го сахранија
Извадок од книгата “Жива историја “ Автор Томе Велјаноски – Марулецо
од Гетеборг Шведска