Драги наши зенитпетковци! Во ек е изборот за нај ученик, нај одделение, нај наставник и нај училиште за учебната 20012/13 година. Номинирајте ги вашите нај, а потоа поддржете ги преку вашите електронски гласови на нашата адреса: [email protected] или на фејсбук страната на zenitpetka.
Кого ќе номинирате и како ќе се изборите вашето училиште годинава да го понесе епитетот “нај” зависи само од вас, но имајте во предвид дека најдобриот ученик од вашето училиште да биде токму онај кој е добар и вреден ученик, да другарува и да бил спомнат на нашата страна – Петка.
Вашиот нај наставник нека биде оној кој умее да ве научи, да ве сака, да ве слуша и помага кога ви треба. Најдоброто одделение нека биде одделението кое е пример за другарство, соработка и покажани резултати.
Од секое училиште ќе биде избран најученик и најнаставник, додека најодделение и најучилиште ќе биде прогласено едно, најподдржаното подржано по електронска пошта.
Вашите предлози за НАЈ ПЕТКА ги очекуваме на адресата: [email protected] и zenitpetka профилот на фејсбук.