ВЕСНИК ЗА НАРОДОТ

Пет години “Зенит”

Беше предизвик пред пет години да се биде “жеден”, да се “ѕирне”, во непознатото, да се формира весник на граѓаните да им се пренесуваат настаните, да им се прикажуваат фактите и идеите. Тргнавме со многу ентузијазам. Беше тешко ама “слатко” задоволство, кое трае и еве стигнавме дотука.

Петте години, се историја, затоа што на страниците на овој наш и Ваш неделник, драги читатели, напишани се илјадници зборови, раскажани се стотици приказни, пренесени се многу интервјуа.  Прилеп пулсира преку овој весник.

Петте години обврзуваат натаму да се пренесуваат записите одговорно, автентично, реално, да се биде мајстор на својот занает, затоа што новинарската професија, како што ќе забележи Јан Парандовски, е основа на секоја вештина и на секоја уметност – тоа не сака да го признае само оној кој никогаш не станал мајстор.

Зенит безгранично ќе биде со Вас, ќе шири зборови, кои се “подвижна, реална и жива сила” ќе биде Ваша водилка.

На страниците ќе ѕирка век и веков во секој агол, ќе се раскаже посакуваната приказна, секој граѓанин ќе го доживува пулсот на градот. Ќе биде отворен и за коментари, изјави, зато што е Ваш весник.

Честит роденден.

Каролина Мицевска

Loading