В ПОНЕДЕЛНИК ВО ЦК ,,МАРКО ЦЕПЕНКОВ,,

Предвелигденски концерт и ликовно сценски перформанс

Предвелигденски духовен рецитал ќе одржи црковниот градски хор “Свето Благовештение” в понеделник од 19 часот во ЦК “Марко Цепенков”. Под диригентство на м – р Гоце Секулоски ќе се исполнат композиции од Динев, Алфеев, Мокрањац, Теофаново, Кирил Македонски, Секулоски, меѓу кои Ангел Вопијаше, Во Царствии Твоем…

Хорот создава и ја негува духовната традиција 13 години.

Во 20.30 часот на големата сцена ќе се одржи ликовно сценскиот перформанс “Ротонда – уметност во просторот”, на кој ќе биде презентирано уметничко дело од сликарот Тони Чатлески, во танц кореографија на Кире Миладиноски.

– Перформансот е спој на уметностите – танцот и сликарството како моја примарна дејност- вели Чатлески.

Со перформансот ќе се одбележи 29 април – светскиот ден на танцот.

Loading