Жени
Фудбалерките на Победа разиграни на последниот меч и “без милост” кон послабиот ривал. Со високи 5-0 го совладаа тимот на Истатов од Дојран. Мрежата ја затресоа двапати Јасмина Стојаноска, по еднаш Христина Аџулеска, Елена Талимџиоска и Марина Нешкоска. Задоволува и играта со шанси. Немаше да е чудо, ако прилепчанките стасаа до ракометен резултат. До крајот на првенството мотивот се бара во прогресот на табелата, од петтото со 24 барем место погоре каде Младост Оризари е со 26 бода. Затоа идното коло девојките на тренерот Блаже Филипоски одат на три бода кај аутсајдерот Ас Јунајтед во Струга.
На табелата води Билјанини Извори од Охрид со 37, пред велешки Борец и скопско Единство по 34 бода.