РЕСТАВРИРАНА КУЌАТА НА БЕКТЕШОВЦИ

Автентична физиономија доби фасадата на споменикот на културата, куќата на Бектешовци, градена во 1923 година. Реставрацијата на лицето на овој препознатлив објект со раскошно архитектонско решение во рамките на проектот на Министерството за култура за зачувување на старите градби во земјата. На реализацијата на Заводот и музеј, Министертвото потроши околу три милиони денари.

– Куќата се освежи, блесна и го врати стариот, автентичен сјај, бидејќи има историско и културно значење – велат од  Музејот.

Куќата е како црковен храм. Има два ката, повеќе соби, голем салон со тавани повисоки од три ипол метри. На главниот влез се декорираните античките столбови и мермерните широки скали.

Според сопственикот Трајче Бектешоски, дедо му ја градел куќата по враќањето од печалба од Америка со српски архитекти, кои биле под влијание на западните правци во архитектурата.

Loading