Од ОУ “Блаже Конески”
Ветено – сторено. Така се објаснува акцијата на учениците од ОУ “Блаже Конески” кои се распоредија пред Ц.К. и во три кутии го рециклираа отпадот за Денот на планетата Земја. Наставничките рекоа дека децата вложиле многу инвенција во реквизити за мажоретките, направени од ПВЦ кеси, а со кои танцуваа на популарна музика и по подготвена кореографија.