Убаво е кога ќе ги видите прилепчани со весник в рака, особено кога постојано сакаат да знаат што им се случува во градот. А прва должност и обврска на новинарите е да бидат информирани граѓаните.
Неспорно е дека пет години прилепчани се побогати со информациите и сознанијата откако неделникот “Зенит” е во нивните раце. Политика, економија, култура, социјала, инфраструктура, приказните на градот, на неговите жители, сржта на градското живеење, пишано “црно на бело” за личностите на Прилеп кои не смеат да се заборават, а и богами го прославиле градот под Марковите кули во Македонија и светот.
Петка за истрајноста, за континуитетот на информирањето во градот. Пет плус зашто неделникот “Зенит” не се откажува.
Честито!
Елизабета Митреска