НОВ ПАРК ВО ТРИЗЛА

Нов маалски парк од 1000 м2  даден им е на користење на жителите од улицата “Београдска”, Под Кули. Поставени се бехатон патеки, детско игралиште, урбана опрема и засеана е трева. Локалната самоуправа и Комуналец вложија околу 600 илјади денари.

Комуналец годинава комплетно ќе ја уредува Бончејца, станбените блокови под и пред касарните. Моментно се градат паркови во Типската населба и селото Мало Коњари.

Паралелно, комуналците косат, чистат и ги полеваат зелените површини, небаре тепих, на зголемените парковски простори. Само во Точила се одржуваат 27 илјади м2. Таму веќе сé е уредено искосени, како на Могилата, на улицата “Петта прилепска…”, парковите во центарот и “Димо Наредникот”. Плус, цветаат и 46 маалски паркови.

При крај е косењето во Бончејца, Ѓогдере и коритото на Градската река. Коси и машини фрчат и на Старите и Новите градски гробишта за да бидат дотерани до Велигденските празници.

За осум години Комуналец направил 200 илјади м2 нови парковски површини. Се најавува изготвување на зелен катастар што го нема ниедна општина во Македонија..

Loading