НАШИ СТИХОВИ НА ХРВАТСКИ

Поезија од 15 прилепски поети е преведена на хрватски јазик од Слободан Јовичиќ, и е објавена во книгата “,Поетски дијалози” издадена од Хрватското литературно друштво од Риека, во рамките на соработката со ГБ “Борка Талески”.  

Во поетското издание, подготвено од Славчо Ковилоски, застапени се Магдалена Андоноска, Петар Башески, Василе Димески, Тренчо Димитриоски, Сузана Ѓорѓиевска, Благоја Јованоски, Трајче Крстески, Кирил Михаиловски, Билјана Николоска, Винета Огненоска, Тони Павлески, Никола Петрески, Благоја Ристески – Платнар, Петар Петрески и Мирјанка Р. Селчанец.  

– Антологиски е каракатерот на изданието, оти имаме автори за гордење не само за градот, туку и за целата земја. Хрватската јавност се запознава со нашите поети – вели директорот Петар Петрески.

Библиотеката ја објави збирката Риечка поетска читанка, во која од хрватски на македонски се преведени стихови од 15 поети од Хрватска.

Loading