Пред летната пауза, во Скопје имаше втор турнир од женската кадетска лига на Македонија, каде учествува тимот на ЖОК 11 Октомври. Првата пречка ја пребродија, совладувајќи ги домашните, Форца волеј со 2-0. Веднаш потоа се одмерени силите со Работнички. Прилепчанките поведоа со 25-19, а вториот сет го загубија на разлика 27-25. Недостасуваше среќата во третиот, 15-13 и минимален триумф на противникот со 2-1.
– Видлив е напредокот. Одлични беа Тодороска, Тошеска, Чавлеска, Талеска, Ѓорѓиеска… Целиот тим игра – вели Гиче Локвенец, тренер.
Следи пауза во лигата до есен, но нема застој со тренинзите и контролите против повеќе ривали, како Битола, Крушево, Струмица и Штип.