МЛАДИНЦИ ВО ЛИГА

Шах

Функционира Шаховската лига за младинци до 16 години, во која партиципира школата на ШК Алкалоид, водена од велемајсторот Звонко Станојоски. Учествуваат 10 тима, кои ќе одиграат девет кола по бергеров систем. На четири табли се игра забрзано по 15 минути за меч, така што младите се пред искушение, оти секој превид е пораз.

Во првата рунда со три кола во Скопје, променлив успех имаше тимот воден од Давид Манески со Антонио Миланоски, Наум Стојаноски и Гошо Галески. Доживеани се порази 0-4 од Неготино и 1-3 од Гамбит 2, додека првата победа е максимална 4-0 над Гамбит 3. Наредниот е утре пак во Скопје со најсилниот фаворит Гамбит 1, потоа со Струга и со школата на велемајсторот Влатко Богдановски. Примарна цел е играта, искуството низ партиите, а прифатлив пласман е меѓу петто и осмо место.

Повозрасните настапуваат в лето. 

Loading