На фабриката за челични конструкции Металец í се заканува нов стечај, откако компанијата продолжи да создава загуби и не успеа да го реализира планот за реорганизација на производството. Лани се евидентирани 160 илјади евра загуби.
Дел од доверителите бараат нов стечај, по оној од 2010 година. Судот веќе поведе претходна постапка за утврдување на причините за стечај, а на 29 април е закажано утврдување дали се исполнети условите за отварање нова стечајна постапка. Најголеми доверители се Управата за јавни приходи, Стопанска банка од Битола, Фондот за пензиско и инвалидско осигурување и вработените.
Директорот Трајко Милков оценува дека нема да има стечај, оти имаат побарувања од близу 250 илјади евра.
Словенечката фирма Цесте Мостови има околу 20 отсто од акциите на Металец. Во фабриката работат 22 вработени.