IN MEMORIAM

Замина тивко од овој свет Стеван Василески, уметникот чии платна долги години ги воодушевуваа поклониците на уметноста. Се памети како творец кој остави портрети, пејзажи, мртва природа… Овековечуваше старите фурни, анови, распаднати куќи и стар Прилеп. Се истакна со циклусот  “Везилка”, инспириран од песната на Конески. Неговите мозаици се во зградата на Тутунскиот комбинат и во централниот парк. Дел од творбите се низ земјава и во светот. Тој е прв македонски сликар чии дела ги виделе и солунчани.

Василески беше носител на многу локални, државни и уметнички награди. 

Loading