Г. КОЊАРИ ВРЗУВА УСПЕСИ

Трета и општинска

Екипата на Г. Коњари по 23 третолигашки кола е најсолидна од седумте прилепски претставници. Засега е шеста со четири бода под четвртиот Кожуф. Има можност да “врзе” три меча без пораз во серија, бидејќи со 5-2 дома го совлада Младост, извади нерешено 2-2 кај Превалец, а в недела дома го чека последното Вардарски, кое есеноска на негов терен беше совладано со 1-3.

Останати: Бабуна – Младост, Сирково – Тополчани, Млекар – Кадино, Братство – Илинден, а лидерот и непоразен Борец оди кај Партизан во Обршани. Претходно Кадино – Братство 1-2, Тополчани – Млекар 2-1, Вардарски – Партизан 2-2, Младост – Кожуф 2-2. Табела: Борец 63, Бабуна и Илинден 48, шесто Г. Коњари 34, седми Партизан, осмо Тополчани, деветто Кадино по 32, 10-то Братство 31, 12-та Младост и 13-ти Млекар по 24 бода.

Во Општинска А лига викендов е 19. коло: Тризла – Гарван, Прилеп сити – Кадица, Боротино – Динамо, Пролетер – Чепигово, Обршани – Варош и Козара – Слога.

Loading