ФИЛИП ВЕЗИ НА ТРУБА ЗА ДРЖАВНА НАГРАДА

Прилепчанецот Филип Ристески, од втора година при државното средно музичко училиште од Битола ја занемел публиката на државното музичко првенство во Скопје меѓу седум трубачи од Скопје, Штип и Битола. Со изведбите на Порет и Торели ја воодушевил комисијата составена од еминентни професори по труба. Освоил 98, од можните 100 поени. Ментор му бил Ѓорѓи Ковачевски.  

Како што кажува Филип, трубата е еден од потешките дувачки лимени инструменти. Но од осум годишна возраст го “фатила заразата” и му станала “перница”. Основно музичко училиште завршил во Прилеп под менторство на Ристо Мечески.

Тој е единствен трубач во средното битолско училиште. Вели дека е потребна синхронизација на дишењето преку дијафрагмата, вештина со прстите и динамика во музицирањето да се биде добар трубач.

Сака да продолжи на музичката академија во Скопје. Додека свири, се труди да ги достигне височините на неговиот идол, Русинот А. Накаријаков. Сега совладува композиција која сака да ја изведе на гробот на музичката легенда – Тоше Проески.

Во иднина, Филип се гледа како филхармониски изведувач, професор по труба или трубач во воениот оркестар на АРМ.       

Loading