ФЕНЕР КОЈ НЕ СМЕЕ ДА ЗГАСНЕ

Информативниот мрак е најцрната темница на еден народ. Затоа, секое гласило, всушност, претставува фенер кој не смее никако да згасне, сеедно какви финансиски, идеолошки или политички ветришта го дуваат. Петгодишното постоење на неденикот Зенит како димензија е ништо. Но, да се опстои во вакви времиња – невремиња, половина деценија, не е ни малку лесно, ни малку едноставно. Пишаниот збор е сведок кој не може да го анулира никој, сеедно дали е во склад со неговите поимања или не. Обврска на новинарите е да пишуваат, а желба на читателите што ќе читаат. А, Вас, прилепчани, Ве читаат.

Да ви е честит јубилејот и продолжете понатаму, без застој, професионално и чесно.

Каролина Дурло

Loading