ЕДЕН МЕЧ – ТРИ ПРЕНОСИ

Историја

Од денешен агол гледано, изгледа чудно и речиси бесмислено да се вршат директни радио или тв преноси за прилепски спортски екипи. Пред деценија – две состојбата беше за 180 степени поинаква. Локалните и националните медиуми се “туркаа” за фудбал на стадионот и за ракомет во Универзална. Беше престиж за радио да има на својата програма домашен спорт. Во првата сезона 1992/93 метеж предизвика дербито Победа – Вардар 1-1. Локалните радија имаа јавувања, Македонското вршеше пренос, а вечерта снимка емитуваше МТВ. Мешаница беше на важното гостување на Победа кај Осогово во Кочани. Три радиостаници вршеа преноси: Радио Прилеп, приватното Соник, плус Македонско радио. Репортерите наредени еден до друг ги севтосаа новите новинарски кабини, на крај информираа за 1-1 конечен исход.

Денеска фокусот е врз меѓународниот спорт, Реал, Барса и останатите и којзнае дали како некогаш ќе дојде на ред спортот во Прилеп.

Loading