ОБУКА ЗА 63 НЕВРАБОТЕНИ

Подолго невработените ќе најдат работно ангажирање со проектот на Агенција за вработување за платена обука за познати работодавачи. Државата ги субвенционира работодавачите за секое вработено лице во бруто плата од 13 илјади денари месечно за три месеци, а обврска на работодавачите е да ги задржат обучените уште најмалку 12 месеци.

– Ова е најдобрата мерка на Владата за намалување на невработеноста – вели директорката Силвана Пашоска.

Обуката опфаќа невработени од 50 – 59 години и млади лица до 29 години со максимум средно образование.                                  

Loading