ЈОГА ЗА ДЕЦАТА СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ

Децата со умерена и тешка психофизичка попреченост и комбинирани пречки од Дневниот центар за лица со посебни потреби “Ѕуница” први ги искусија благодетите на јогата. Специјалистот по физикална медицина и професор по јога д-р. Благоја Ѓорѓиоски, двапати неделно по еден час “јогират” и изведува вежби за корективна гимнастика со децата во соработка на ЦСР, Црвениот крст и Комерцијална Банка.

Според физијатарот Ѓорѓиоски, вежбите влијаат на подобрување на психомоторниот развој, чувството на ритмика и релаксација, внимание, концентрација и правилно дишење, поради  специфичната психофизичка состојба на децата.

– Вежбите ќе придонесат за намалување на стресни, агресивни, вознемирувачки ситуации и надминување на проблемите потекнати од неправилното држење на телото и искривувањата на кичмениот столб, кои јогата ги надополнува на класичната физикална терапија создавајќи физичко – ментална рамнотежа – вели Ѓорѓиоски.

Активност од овој вид, прв пат се применува во Македонија.

Loading