Во ОУ “Добре Јованоски”
На општинскиот натпревар за млади техничари, во остра конкуренција четворица ученици под менторство на наставникот Дарко Кузманоски, при ОУ “Добре Јованоски” добиле едно прво и три втори места. Учествувале и деца од ОУ од Тополчани и Кривогаштани.
Михаил Конески од седмо одделение се изборил за второто место со макетата од брод – едреник, долг 36 цм. Вели дека бродот е пловен, но малку вртел налево. Неговиот соученик, првакот, Филип Јосифоски на тема градежништво направил елаборат и извел викенд куќа на еден спрат, користејќи бамбусови дрвца, картон, а за дворот употребил песок и гранчиња од дрво, како бонсаи. За темата агротехника, Дарко Трајкоски, направил мини – пластеница за одгледување жито. За моделот, со димензии 30х20 цм., користел најлон и жица и го освоил второто место. Втора награда за конструкторство на струјно коло, со батерија, прекинувач и ламбичка, освоил осмоодделенецот Валентин Станкоски.
Четворицата биле пријатно изненадени од наградите, но трудот од три месечното консултирање со менторот родил плод. Признанијата ќе им се мотив за поголеми успеси, а Филип продолжува на државниот натпревар во Пробиштип.